Дома Фудбал Останато Пол Сколс играше против многумина, но за него ова е најдобриот играч против кого играл

Пол Сколс играше против многумина, но за него ова е најдобриот играч против кого играл

scholes

Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс во изјава за англиските медиуми одлучи да го открие името на најдобриот играч против кого играл во својата кариера.

Сколс имаше неверојатна богата кариера во која со Манчестер Јунајтед освои се што можеше да се освои. Поранешниот англиски играч за врска играше против многу гиганти на фудбалските терени, но откри дека за него е само еден пред сите.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Претходно, Сколс изјави дека најмногу мразеше да игра против Роналдињо, бидејќи знаел дека барем еднаш тој ќе го „посрамоти“ со своите потези. Иако играше против речиси сите најдобри играчи во тоа време на крајот ги изненади англиските новинари кога рече кој е најдобар според него.

„Па, за Роналдињо зборував многу, едноставно не сакав да играм против него, тоа е тоа. Ух, играв против неверојатни фудбалери, но за мене секогаш најдобар ќе биде Андрес Иниеста. Таква леснотија и интелегенција во играта на еден играч никогаш не сум видел. Едноставно со зборови не можам да опишам како ме импресионира. Игравме против Барселона две финалиња и двете ги загубивме, а тој беше еден од најдобрите. Неверојатен е.“, изјави Сколс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барселона се засилува со ѕвездата на Манчестер Сити!?

Бернардо Силва е голем фан на Барселона, каде впрочем живее и дел од неговото семејство, а…