Отказот на Жозе Мурињо е спортски настан кој дефинитивно ќе го одбележи крајот на 2018. година.
После серијата лоши резултати, Манчестер Јунајтед му врачи отказ на Мурињо, кој овој клуб го тренираше последните две ипол години.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Јунајтед во последниот период загуби многу натпревари, но на крајот испадна дека на Моу му пресудил последниот пораз од Ливерпул, поточно Јирген Клоп, на кој тоа не му е ниту прв ниту втор пат да го „смени“ Португалецот.
Мурињо работата во Реал Мадрид ја загуби после елиминацијата во полуфиналето во ЛШ во сезона 2012/13, кога Клоп беше тренер на Борусија Дортмунд. Германскиот великан тогаш го совлада Реал со 4:1, го елиминира од ЛШ и му зададе голем удар на Мурињо, кој подоцна го чинеше заминување.
Клоп две години подоцна и втор пат најави крај на Мурињо, овој пат во Челси. Кон крајот на 2015. година, Ливерпул го совлада Челси со 3:1, пораз кој подоцна резултираше со отказ на Португалецот.