Дома Фудбал Англија Погба откри: Не смеам да кажам ниту збор!

Погба откри: Не смеам да кажам ниту збор!

Пол Погба веќе една недела е во конфликт со тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо.

Мурињо му се налути на Французинот, бидејќи смета дека го навредил тимот и соиграчите со објавата на Инстаграм по поразот од Дерби во Карабао купот.

Пради тоа му е забрането да дава изјави, што накратко им објасни на новинарите по натпреварот во Лигата на Шампионите против Валенсија (0:0).

„Не ми е дозволено да давам изјави“, кратко рече Погба и потоа продолжи понатаму.

По конфликтот со Мурињо повторно започнаа шпекулации за можното заминување од клубот, а повторно се поврзува со Барселона, Јувентус и ПСЖ.

Што на крајот ќе се случи со Манчестер Јунајтед и Погба ќе видиме најверојатно во следните месеци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Четири клубови подготвуваат тужба за 800 милиони против Ман Сити

Манчестер Сити може да се соочи со нов сериозен проблем, бидејќи четири клуба од Премиер л…