Дома Фудбал Англија Повеќе ништо нема да биде исто: ВАР влегува и во Премиер лигата

Повеќе ништо нема да биде исто: ВАР влегува и во Премиер лигата

Видео технологијата ВАР од следната сезона ќе биде воведена во англиското првенство откако направи успешно деби во ФА Купот, соопшти Англиската федерација.

Натпреварот од ФА купот помеѓу Брајтон и Кристал Палас влезе во историјата на англискиот фудбал како прв на кој се користеше видео-технологијата (ВАР).


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Со оглед на фактот дека ВАР успешно беше искористен на овој меч и наиде на позитивни критики, директорот на Федерацијата, Мартин Глен потврди дека од следната година ВАР ќе се применува и во Премиер лигата.

„Мислам дека после неколку сезони ќе се чудиме како сме се справувале без видео-технологија. Ние го поткрепувавме овој систем уште кога ФИФА се противеше. Се радуваме што позитивно беше искористен во натпревар од ФА Купот, најверојатно од следната сезона ќе го користиме и во Премиер лигата“, изјави Глен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…