Дома Фудбал Италија Пиоли го откри единственото трансфер барање

Пиоли го откри единственото трансфер барање

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли откри дека негово единствено трансфер барање во јануари е да биде донесе дефанзивец.

Симон Кјаер ја заврши сезоната поради повреда, па Пиоли сака да биде донесена достојна замена за данскиот дефанзивец.

„Идејата на трансфер пазарот е јасна. Повредата на Кјаер не принуди да бараме дефанзивец, немам други барања од раководството. Мислам дека тимот е компетентен, но потребен ни е дефанзивец. Тој треба да биде добар во дуелите еден на еден, но и да биде добар со топка и да носи правилни решенија кога ја има топката. Нема да биде лесно, но сум убеден дека ќе биде доведен вистинскиот“, изјави Пиоли.

Прва желба на Милан е дефанзивецот на Лил, Свен Ботман но преговорите ќе бидат тешки бидејќи францускиот клуб не прифаќа понуди помали од 30 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Вакво нешто во Сити не се памети: Имаа рекордна заработка од продажба на фудбалери!

Нови ветришта дуваат на Етихад. Навикнати сме да Манчестер Сити многу вложува за време на …