Познатиот мексикански голман Гиљермо Очоа официјално го облече дресот на Салернитана.
Како што беше најавено оваа недела, легендарниот 38-годишен голман до крајот на сезоната ќе брани за Салернитана, која ќе биде неговиот прв клуб во Серија А.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Претходните три години Очоа бранеше за Мексиканска Америка, каде професионалната кариера ја започна далечната 2004 година, a беше во овој клуб до 2011.
Потоа се пресели во Европа, поточно во Франција, каде бранеше за Ајачио, за во 2014 година да направи трансфер во Малага, а на југот на Шпанија помина сезона (2016/17) и во Гранада, од каде замина во Стандард Лиеж кој беше негов последен европски клуб.
Откако повторно помина три сезони во Мексиканска Америка, тој се враќа во европскиот фудбал и ќе се обиде да и помогне на Салернитана да остане во Серија А. Засега на тимот му оди одлично, бидејќи е на 12-тото место на табелата.