Дома Македонски спорт Официјално: Агим Ибраими пронајде нов клуб

Официјално: Агим Ибраими пронајде нов клуб

Поранешниот македонски репрезентативец Агим Ибраими од денес е нов играч на албански Кукс.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Кукс на социјалните мрежи го потврди Ибраими кој во клубот доаѓа како слободен играч. Ибраими остана без клуб откако спогодбено се раздели со Шкендија пред почетокот на сезоната.

Ибраими во кариерата покрај Шкендија настапуваше за Астана, Каљари, Ескишехирспор, Олимпија, Марибор и Салцбург.

Треба да се спомене и дека три пати беше прогласуван за најдобар фудбалер во Македонија, со Марибор се избори за настапи во Лигата на шампионите и Лигата на Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …