Дома Фудбал Германија Од „анонимци“ до ѕвезди: На овој тим од Бундеслигата вредноста му порасна за огромни 266 милиони евра!

Од „анонимци“ до ѕвезди: На овој тим од Бундеслигата вредноста му порасна за огромни 266 милиони евра!

На почеток на годината скоро и да беа целосни „анонимци“…

Најпопуларната и најрелевантната страница за вредноста на фудбалерите „Трансфермаркт“ ги објави најдобрите 11 во Бундеслигата според растот на нивната вредност.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На голот на овој тим место доби чуварот на мрежата на Лајпциг Питер Гуласци кој на почетокот на годината имаше вредност од 1.5 милиони евра, а сегашната вредност му се проценува на 4.5 милиони евра.

На десната бековска позиција се наоѓа Џошуа Кимих кој на почетокот на годината вредеше 20, а сега 40 милиони евра. Позицијата на лев бек му припадна на Филип Макс од Аугусбург на кого вредноста му порасна од 6.5 на 10 милиони евра. Централните позиции во одбраната им припаднаа на Николас Сул (Баерн) кој сега вреди 30 милиони евра, а вредноста му порасна за 18 милиони евра и Дајот Упамекано (Лајпциг) кој сега вреди 20 милиони евра, а годината ја започна со вредност од само пет милиони евра.

Позицијата дефанзивен играч за врска му припадна на Наби Кеита, уште еден фудбалер на Лајпциг кој сега вреди 50 милиони евра, потоа следи Тиаго Алкантара со вредност од исто така 50 милиони евра, а годината ја започна вредност од 18 милиони евра и Леон Горецка кој на стартот вредеше 15 милиони евра, а сега има вредност од 40 милиони евра.

 

На десната страна се наоѓа Кристијан Пулисиќ од Борусија Дортмунд кој според „Трансфермаркт“ на стартот од сезоната беше проценет на пет милиони евра, а сега има вредност од 45 милиони евра. На другата страна се наоѓа Емил Форсберг на кого вредноста му се зголеми за 20 милиони евра, а на централанта позиција во нападот се наоѓа Тимо Вернер кој е апсолустен победник. Вернер на почетокот од сезоната вредеше осум милиони евра, а сега има вредност од вртоглави 60 милиони евра, што значи 52 милиони евра повеќе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Јувентус го освои италијанскиот Куп

Јувентус го освои трофејот во италијанскиот Куп, откако во финалето ја победи Аталанта со …