Дома Фудбал Брутална казна: Германскиот клуб поради навивачите мора да плати повеќе од 300.000 евра

Брутална казна: Германскиот клуб поради навивачите мора да плати повеќе од 300.000 евра

Поради несоодветното однесување на своите навивачи на последниот лигашки натпревар од минатата сезона, Ајнтрахт од Франкфурт беше казнет со дури 341.500 евра.

Ова го објави Дисциплинската комисија на Германскиот фудбалски сојуз (ДФБ) по нередите на навивачите на клубот од Франкфурт за време на натпреварот против Штутгарт на 16 мај.

При таа прилика, навивачите од Франкфурт пред почетокот на натпреварот запалија најмалку 25 чадни бомби, 50 факли и испукаа 20 ракети. Во текот на сите инциденти беа повредени две лица, а почетокот на натпреварот доцнеше. За време на натпреварот, навивачите на домашниот клуб запалија уште 26 пиротехнички средства и испукаа нов арсенал ракети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчини незадоволен од ремито со Франција

Роберто Манчини изрази незадоволство по ремито на Италија против Франција, иако многумина …