Дома Фудбал Баерн ги затвори вратите за ѕвездата на Сити: Прескап е и имаат доволно напаѓачи

Баерн ги затвори вратите за ѕвездата на Сити: Прескап е и имаат доволно напаѓачи

Шпекулациите траеја само кратко, а одговорот стигна исто толку брзо колку што и интересот започна. Баерн нема да влезе во трката за Фил Фоден од Манчестер Сити – причината е недостаток на финансиски маневарски простор за трансфер од таков обем, потврдил угледниот германски весник Билд.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Веста доаѓа само ден откако британските медиуми објавија дека Баерн ја следи ситуацијата на Фоден, со наводи дека тренерот Винсент Компани посебно го почитува. Но, Баварците брзо се дистанцирале – во нападот на Баерн веќе дејствуваат Михаел ОлисеЛуис ДијазЏамал Мусиала и Серге Гнабри, па уште едно вакво скапо доведување на играч за напаѓачката линија е оценето како непотребно.

Фоден во оваа сезона загубил дел од минутажата под Пеп Гвардиола, а договорот му истекува во 2027. Манчестер Сити активно преговара за продолжување на договорот и, според „Скај Спортс“, се оптимисти дека договорот ќе биде постигнат пред крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо ги отвори картите: Бенфика е Бенфика, но Реал Мадрид не се одбива!

Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, призна дека постои можност да се врати во Реал Мадрид, н…