Дома Фудбал Италија Одлична вест за „нероаѕурите“, Брозовиќ става потпис

Одлична вест за „нероаѕурите“, Брозовиќ става потпис

Марсело Брозовиќ е еден од најважните фудбалери на Интер, но неговиот договор со „нероаѕурите“ завршува следното лето.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Преговорите за нов договор траеа подолго време бидејќи двете страни не можат да најдат заеднички јазик.

Брозовиќ моментално заработува 3,5 милиони евра и бара со новиот договор плата од 6,5 милиони евра, додека Интер не може да си дозволи такво зголемување.

Последните информации од Италија се дека сепак двете страни постигнале начелен договор и наскоро Хрватот ќе стави потпис на нов договор.

Имено, Брозовиќ ќе потпише 4-годишен договор според кој ќе заработува 5,5, милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Милметарска трагедија на СП: Иран беше на прагот на успех

Египет и Иран одиграа нерешено 1:1 во третото коло на Светското првенство, со што конечно …