Дома Македонски спорт Одбојкарите поразени од Турција, Јошко се налути!

Одбојкарите поразени од Турција, Јошко се налути!

Македонските одбојкари го претрпеа и вториот пораз во своето деби на Европскиот шампионат , откако загубија од Турција со 3:0.

На самиот почеток на мечот Турците ја наметнаа својата игра, па речиси во ниту еден момент не дозволија да бидат загрозени, а сетот го добија со 25-22. 


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во вториот сет, далеку подобра игра на жолто-црвените кои имаа и водство се до 19:19. Но, во продолжението противникот ни дозволи да освоиме само четири поени,  па и тој сет им  припадна на Турците сега со 25-23. 

Нашата играта комплетно се распадна во третиот сет кога по водството од 3-1, противникот со нова серија од 6-0 направи недостижна предност која до крајот само се зголемуваше, па сетот заврши со резултат 25-13 за конечни 3:0 за Турција. 

„Не вреди ни да се коментира овој натпревар, беше големо разочарување од секој аспект. Имавме голема немоќ, два сета губиме со голема разлика. Направивме само еден директен поен во три сета, а противникот осум. начи тотално сме надиграни, но не од еден квалитетен противник, Турција нема тим за високи дострели“, изјави селекторот Јошко Миленковски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонија комплетна во подготовките за мундијалскиот бараж!

Ракометната репрезентација на Македонија ги продолжува подготовките пред баражот кој не оч…