Дома Фудбал Англија Огромен проблем за Мурињо пред натпреварот со Челзи

Огромен проблем за Мурињо пред натпреварот со Челзи

mourinho

Настапот на Немања Матиќ во претстојното дерби помеѓу Челзи и Манчестер Јунајтед е под знак прашалник, пишуваат британските медиуми.

Како што пренесува угледниот „Sky Sports“, одличниот играч за врска и понатаму има проблеми со грбот и неизвесно е дали ќе се најде во составот на Манчестер Јунајтед на „Стемфорд Бриџ“, што секако му создава главоболка на Жозе Мурињо.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Матиќ е под терапија и медицинскиот тим прави се само за да го врати за дербито, но до последниот ден, веројатно, нема да се знае дали ќе може да настапи или не. Поради повреда Матиќ беше принуден и да не настапи за репрезентацијата на Србија, односно на натпреварите против Црна Гора и Романија.

Челзи и Манчестер Јунајтед, потсетуваме, ќе се ретнат во сабота од 13:30 часот на „Стемфорд Бриџ“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Уникатен светски рекорд на Родри – една година без пораз!

Шпанскиот стратег, Пеп Гвардиола го истакна Родри како најдобар фудбалер на Манчестер Сити…