Дома Фудбал Останато Ова е ТАЈНАТА на успехот на Роналдо – Тренерот објасни СЕ!

Ова е ТАЈНАТА на успехот на Роналдо – Тренерот објасни СЕ!

Италијанскиот спортски новинар, Паоло Кондо во својата најнова книга со наслов „The Duellists“ пишува за интересни детали за Кристиано Роналдо кој му ги открил Валтер Ди Салвио,, поранешниот кондицски тренер на Манчестер Јунајтед. Ди Салвио говори за неговата посветеност и опсесијата на тренингот.

„Додека соиграчите на Кристиано по тренингот си заминуваа под туш, тој излегуваше на другиот дел од тренинг центарот во шума, каде што ја вежбаше контролата на топката во тешки услови. Роналдо многу време поминуваше во шума на тежок терен и ризикуваше повреди“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Новинарот Кондо во книгата пишува и за психолошките елемнти кои се дел од успехот на Роналдо.

„Роналдо има неверојатен квалитет, не само играчки, туку и психолошки. Тој го отфрла статусот втор најдобар играч во светот, сака и понатаму напорно да работи за да срушува нови рекорди. Неговата физичка подготвеност говори колку само се труди за да стане најдобар играч во историјата на фудбалот“.

Меси израсна со проблеми со хормоните во детството, но тој се уште не физички подготвен колку Роналдо.. Аргентинецот сепак е фудбалско чудо, додека Роналдо е ‘само’ голем играч. За да го достигне највисокото можно ниво, Португалецот се претвори во вистински ‘ѕвер’.

„Секој играч ќе ви каже дека има голема волја за победа, но оние кои имаат волја и сила за што подобро да се подготват за победа, тие се оние кои ја прават разликата“, напиша Кондо во цитат за поранешниот фудбалер на Јувентус и Челзи, Џанлука Виали.

Книгата, исто така, се осврнува и на темата големото ривалство на Жозе Мурињо и Пеп Гвардиола, кои го извлекоја најдоброто и најлошото од модерниот фудбал.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Вокер жртва на напади, Сити застана во негова одбрана

Кајл Вокер беше цел на напад на навивачите на Сити. Англискиот репрезентативец на социјалн…