Екипата на Манчестер Јунајтед ја има една од најслабите сезони во послените децении. Последниот пораз од Вест Хем за тимот на Ерик тен Хаг беше осми пораз во првенството и вкупно 13-ти во сите натпреварувања.
Освен во првенството, „црвените ѓаволи“ сезонава беа очајни и во Лигата на шампиони, па ја крајот завршија на последното место во групата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Од почетокот на сезонава, Манчестер Јунајтед одигра 26 меча во сите натпреварувања, а загуби дури 13 пати. Овие 13 порази се најмногу за англискиот гигант остварени пред католичкиот Божиќ во последните 93 години.
Последен пат Манчестер Јунајтед до Божиќ имал 13 порази во далечната 1930 година, што само покажува колку е очајна оваа сезона за тимот предводен од Ерик тен Хаг.