Дома Актуелно Оваа фотографија е доказ за тоа каде ќе игра Мбапе следната сезона !

Оваа фотографија е доказ за тоа каде ќе игра Мбапе следната сезона !

Младиот француски напаѓач, Килијан Мбапе со одличните игри во изминатава сезона на најдобар можен начин се претстави на фудбалската јавност.

Монако зад себе има феноменална сезона во која стана шампион на Франција, а стигна далеку и во ЛШ, но најголемата победа на клубот од Кнежевството е тоа што доби неколку одлични млади играчи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тоа пред се се однесува за 18-годишниот Мбапе за кој се пишува дека е новиот Тиери Анри. Иако одигра само една сезона на врвно ниво многумина клубови покажаа голем интерес за овој напаѓач.

Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, Арсенал, ПСЖ се само некои од големите клубови кои се заинтересирани за Мбапе. Но, изгледа дека Монако успеа да го убеди да остане уште една сезона.

Најдобриот доказ за тоа е фотографијата кој овој напаѓач ја објави на социјалните мрежи. Монако ја најави новата сезона, а главниот лик на фотографијата е токму Мбапе. Многумина веруваат дека ова е најдобар показател дека овој млад фудбалер и следната сезона ќе остане во Монако.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…