Во акцијата на шпанската полиција под името „Операција Оикос“ пред неколку дена беа уапсени повеќе лица кои се под сомневање дека учествувале во местење натпревари.
Сега шпанските медиуми открија дека помеѓу уапсените се водело разгов и за местење на последниот натпревар од шпанската Ла Лига помеѓу Ваљадолид и Валенсија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во местењето на натој натпревар наводно се вклучени поранешните фудбалери Раул Браво, Карлос Аранда и Борха Фернандез, а целата операција била за Валеснија да победи во двете полувремиња.
Тоа и се случи, но наводно Раул Браво, поранешниот играч на Реал Мадрид се налутил кога дознал дека Гетафе му понудил финансиска награда на Ваљадолид доколку не го изгуби натпреварот.
Инаку, Гетафе и Валенсија во последното коло од сезоната 2018/2019 на шпанскиот шампионат се бореа за пласман во Лигата на шампионите. Во последното коло тие влегоа со ист број на бодови, а на крајот во ЛШ се пласираше Валенсија.
Новинарот на „Ел Мундо“, Естебан Урезиета ја објасни целата ситуација.
„Постојат сериозни индикации дека Раул Браво бил во Валенсија на 48 часа пред одигрувањето на натпревар и таму требало да се сретне со Борха за потенцијален ангажман на играч од младинскиот погон на Ваљадолид“.
„Меѓутоа информации од истрагата зборуваат дека Браво станал нервозен откако се било договорено затоа што Гетафе понудил награда од два милиони евра за да не изгубат од Валенсија.
Шпански „Ел Мундо“ дојде и до дел од разговорот помеѓу членовите на групата.
Наводно Карлос Аранда на своите колеги им го кажал следното:
„Седум играчи се купени, ништо повеќе…“
„Вложи 10.000 евра и ќе добиеш 20“.
„Слушај, брате Валенсија победува во прво и второ, дали е во ред?“.
„Слушај ме, победуваат во првото и второто полувреме. Види, знаеш зошто се работи, никој нема да знае. Баш никој, ниту твоите пријатели…Никој!“.
Валенсија тој натпревар го доби со 0:2, со по еден гол во двете полувремиња.
Кога ќе ги погледнете головите овој натпревар станува уште повеќе сомнителен…
https://youtu.be/kMb9qAznHac