Дома Македонски спорт Објавени нови детали за уличната пресметка: Ејупи може да биде среќен што е жив!

Објавени нови детали за уличната пресметка: Ејупи може да биде среќен што е жив!

Македонскиот фудбалер кој порано настапуваше и за репрезентацијата Музафер Ејупи вчера беше приведен, а потоа пуштен на слобода поради учество во тепачка во Хрватска.

Сега порталот „Спортске Новоси“ пренесува нови детали и пишува дека Ејупи може да биде среќен што останал жив. Наводно се започнало кога Ејупи со негов роднина паркирал пред зграда од каде што се појавил 53 годишен човек кој живеел во таа зграда. На него веројатно му пречело што возилото било паркирано пред влезот и со метална шипка го нападнал и удрил Ејупи во главата кој паднал во бесознание.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Роднината на Ејупи потоа му нанел тешки телесни повреди на напаѓачот.

„Сега не е познато во каква здравствена состојба е 53 годишниот човек, но веројатно ќе биде обвинет за напад на Ејупи и неговиот роднина. Ејупи нема да игра против Осијек. Повредата е карактеризирана како лесна, но само за неколку сантиметри е избегната трагедија. Ејупи може да биде среќен што останал жив“, објавија од „Спортске Новости“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Вардар се засили со нов ракометар!

Вардар активно работи на засилувања што ќе можат да одговорат на барањата на стручниот шта…