За многумина најдобриот дизајнер во светот во Формула 1, Адријан Њуи замина од Ред Бул. Оваа вест ги израдува во таборот на Ферари кои подготвуваат да го доведат во своите редови.
Токму Њуи е еден од главните луѓе за успехот на актуелниот шампион, а сигурно дека би бил големо засилување за Ферари кој во своите редови ќе потсетиме ќе го има и Луис Хамилтон.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Разделбата со Њуи официјално ја потврди и Ред Бул.
„Њуи имаше голема улога во походот кон седум титули за возачи и шест во конкуренција на конструктори со вкупно 118 победи и 101 пол-позиција“, соопштија од Ред Бул.