Во најновиот број на „Газета дело Спорт“ објавени се фотографии од новиот проект за нов „Сан Сиро“.
Интер и Милан ги завршуваат последните преговори со американските изведувачи за иградбата на новиот стадион во Милано и до крајот на годината целата документација би требало да биде потпишана.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Откако градските власти во Милано го одобрија просторниот план и дадоа дозвола за изградва во близина на сегашниот „Сан Сиро“ милансите клубови собираа понуди и избираа изведувачи. Сега е најавено дека наскоро ќе се тргне во реализација.
Според најавите стадионот би требало да биде спремен за сезоната 2027/2028 доколку се оди според планот. До тогаш клубовите ќе го користат сегашниот сегашниот „Сан Сиро“ кој потоа би требало да биде целосно срушен.
Капацитетот на новиот стадион ќе биде 65.000 гледачи и тоа е 15.000 помалку од сегашниот „Сан Сиро“. Целиот проект ќе чини околу 1.2 милијарда евра.
🚨 #Gazzetta: The project of the new stadium that has been chosen is "Populous" whose design is inspired by the Duomo and the Galleria Vittorio Emanuele II. The games will start in 2027. The 80K spectators of San Siro will be reduced to about 60K/65K.pic.twitter.com/t9WXfgHNNV
— Milan Posts (@MilanPosts) December 21, 2021