Се е официјално.
Бразилецот Лукас Лима пред неколку месеци, како близок пријател на Нејмар беше на чекор од потпис со Барселона, но на крајот од сето тоа не испадна ништо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Потоа се појави информација дека е блиску до договор со Интер и Милан, но досегашниот фудбалер на Сантос од денес и официјално е член на Палмеирас.
Тој потврди дека се договорил со славниот бразилски клуб, а Сантос го напушта како слободен агент, откако му истече договорот.
Лукас Лима има 27 години, никогаш не играл во Европа иако со години наназад редовно се поврзуваше со одредени клубови, но најмногу поради својата блискост со Нејмар и неговиот татко кој го застапуваше.
Овој фудбалер оигра 14 натпревар за националниот тим и постигна два погодоци.