Дома Трансфер зона Барселона пронајде засилување во средниот ред за 15 милиони евра

Барселона пронајде засилување во средниот ред за 15 милиони евра

Барселона размислува за нови засилувања во средниот ред, а една од опциите според последните информации е играчот за врска на Палмеирас, Рафаел Веига.

27-годишниот Бразилец неодамна доби повик во репрезентацијата и настапи во пријателскиот натпревар против Мароко. Наводно во Барселона би можел да се пресели за 15 милиони евра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


За Палмеирас оваа сезона постигна осум гола и додаде 10 асистенции на 23 натпревари. Колку добро се чувствува пред противничкиот гол покажува и податокот дека во последните три сезони во ниту една не постигна помалку од 16 голови, вкупно постигна 67.

За Палмеирас Веига игра од 2017 година со исклучок на една сезона која ја помина на позајмица. Со овој клуб освои девет трофеи и има договор до крајот на 2026 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…