Дома Фудбал Останато ВАР ситуација каква што немало досега: На судијата му беше покажано што направил тренерот на клупата 🎥

ВАР ситуација каква што немало досега: На судијата му беше покажано што направил тренерот на клупата 🎥

Во Бразил на натпреварот помеѓу Палмеирас и Фламенго видовме ВАР ситуација каква што досега немало.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Палмеирас победи во натпреварот од купот со 1:0, но тој резултат не беше доволен бидејќи Фламенго во првиот дуел оствари триумф од 2:0, па така тие обезбедија пласман во следната фаза.

Моментот поради кој овој натпревар се најде во центарот на вниманието се случи во 69. минута кога Флако Лопез постигна гол, но истиот беше поништен поради недозволена позиција.

По поништувањето на голот тренерот Абел Фереира безобразно гестикулираше кон судијата Дарончо фаќајќи се за меѓуножјето. Главниот арбитар не го забележа тој момент, но доби повик од ВАР да види што се случило. Кога му беше покажана ситуацијата без многу размислување го исклучи стратегот на Палмеирас.

Досега навикнавме ВАР да се користи за ситуации на теренот, меѓутоа сега беше искористен за да му се покаже на судијата неспортскиот гест на клупата.

Posts from the futebol
community on Reddit
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Богат европски клуб го бара Малдини за директор

Паоло Малдини нема ангажман откако ја напушти позицијата технички директор на Милан. Зошто…