Дома Фудбал Останато Уште еден успех за Ендрик во Бразил: Реал го чека за големи дела во Европа

Уште еден успех за Ендрик во Бразил: Реал го чека за големи дела во Европа

Суперталентираниот Бразилец Ендрик стана најскапиот малолетник во историјата на фудбалот кога Реал Мадрид го купи од Палмеирас за рекордни 60 милиони евра (35 фиксна оштета и и уште 25 како бонуси).

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сепак, бидејќи се уште не е полнолетен, 17-годишниот Ендрик чека на 21. јули да го прослави 18-от роденден и да добие дозвола да го облече белиот дрес на „кралскиот“ клуб. Во меѓувреме реди успеси во Бразил.

Ендрик со Палмеирас ја освои шампионската титула во Паулиста. Неговиот тим во реваншот од финалето го победи Сантос со 2:0 и го надополни негативата од 1:0 од првиот натпревар. Младиот фудбалер не постигна гол ниту запиша асистенција, но сепак беше прогласен за играч на натпреварот.

Така Бразилецот го освои петтиот трофеј со Палмерирас. Сега е време Европа подобро да го запознае, а ќе видиме дали ќе ги исполни очекувањата кои се големи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал потврди за Фран Гарсија

Откако претходно во текот на денот неколку извори објавија дека Фран Гарсија ќе премине во…