Ромелу Лукаку денес треба да го комплетира трансферот во Рома и неговата трансфер сага дефинитивно е една од оние кои го обележаа ова лето.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Лукаку во Рома ќе игра како позајмен фудбалер и за „волчицата“ би требало да биде големо освежување.
Пред да се официјализира трансферот изјава за Лукаку даде капитенот на Рома, Лоренцо Пелегрини.
„Не знам што Лукаку би можел да ни донесе, но има луѓе кои работат на трансферот. Кога се ќе биде заврешно, ќе видиме што може да донесе, во спротивно не би сакал премногу да зборувам“, изјави Лоренцо.