Пред неколку дена весникот „Мундо Депортиво“ излезе со информација дека Нејмат е спремен да го напушти ПСЖ за повторно да се врати во Барселона.
Вчера потпретседателот на Барселона изјави дека клубот не размислува за такво нешто, а денес и самиот Нејмар категирично ја демантираше веста.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Имено, Нејмар ја објави насловната страна на весникот и напиша „Лажни вести“, па со тоа јасно стави до знаење дека станува збор за шпекулација.
Ваквите вести на тиражните медиуми предизвикаа реакција од потпретседателот на Барселона Жорди Кардонер.
„Никој во бордот не го разгледувал прашањето за враќање на Нејмар. Темата не беше дискутирана“, категоричен беше Кардонер.