Дома Топ вести Нејмар призна: Ми недостигаат Меси и Суарез!

Нејмар призна: Ми недостигаат Меси и Суарез!

Нејмар додатно ги разгоре шпекулациите дека не е среќен во Париз, откако даде носталгична изјава за неговите поранешни соиграчи од Барселона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Нејмар минатото лето направи трансфер во ПСЖ вреден 222 милиони евра, но призна дека му недостастуваат Меси и Суарез.

Бразилецот беше дел од популарното „МСН“ трио и потврди дека биле големи пријатели со Меси и Суарез.

„Бевме одлични со Меси, а потоа дојде и Суарез. Тоа беше шлаг на тортата. Ние тројца бевме супер за тимот. Меси и јас сме блиски со Суарез, станавме неразделни и добро се согласувавме“, истакна Бразилецот.

„Бевме толку блиски што се смеевме еден со друг кога некој нешто ќе погрешеше. Имавме големо пријателство. Она што ми недостига од Барселона е играњето со Меси и Суарез, ми недостигаат. Бевме среќни, бевме пријатели“, додаде Нејмар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милметарска трагедија на СП: Иран беше на прагот на успех

Египет и Иран одиграа нерешено 1:1 во третото коло на Светското првенство, со што конечно …