Дома Фудбал Несекојдневна ситуација во Барселона: Кој ќе биде денес капитен?

Несекојдневна ситуација во Барселона: Кој ќе биде денес капитен?

Фудбалерите на Барселона денес во рамките од 32-то коло во рамките од шпанската Ла Лига ќе играат натпревар против Хуеска.

Пред овој натпревар каталонскиот тим се соочува со еден „проблем“.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Тренерот на каталонскиот тим Ернесто Валверде вчера го соопшти списокот на играчи кои ќе конкурираат за денешниот натпревар и одлучи да одмори поголем дел од своите првотимци во натпреварот против фенерџијата.

Меѓутоа она што е интересно за шпанските медиуми е што никој не знае кој денес ќе биде капитен на Барселона.

Откако Валверде го објави списокот стана и дефинитивно јасно дека за овој натпревар нема да конкурираат Лионел Меси, Серхио Бускетс, Жерар Пике и Сержи Роберто. Токму овие четворица фудбалери се на листата за капитени оваа сезона.

Во Барселона очигледно бидејќи никој друг не е назчен за можен капитен не очекуваа дека сите четворица може да се случи да не бидат дел од составот за некој натпревар.

Медиумите во Каталонија шпекулираат за тоа кој денес во натпреварот од 16:15 часот може да ја носи капитенската лента. Како фаворити за заменик на овие четворица се истакнуваат две имиња.

Многумина веруваат дека капитенската лента ќе му припадне на Жорди Алба ако го започне натпреварот, а доколку тој не се појави во првиот тим улогата капитен би можел да ја има голманот Марк-Андре Тер Штеген.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дерби на денот: Може ли Милан до пресврт во Рим!?

Денес на програмата се реванш четвртфиналните натпревари од Лига Европа, а дербито се игра…