Фудбалерот од редовите на Болоња, Рикардо Калафори е желба на Јувентус, меѓутоа тој сега истакна дека никогаш не би потпишал за Јувентус.
Причината поради која Калафори не сака да премине во редовите на Јувентус е неговиот татко кој ја мразел „старата дама“. Дури трансферот од Болоња во Јувентус го опиша како чекор назад во кариерата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Трансфер од Болоња во Јувентус би бил чекор назад во кариерата. Болоња е клуб кој работи на исправен начин и среќен сум тука. Мојот татко го презира Јувентус, а јас го почитувам татко ми. Не постојат пари за кој би заминал таму“, изјави Калафори.
Неговиот договор со Болоња има важност до 2027 година.