Неверојатна ситуација ни пристигнува од последните часови во преодниот рок од шпанската Ла Лига.
Според информациите на шпанските медиуми трансферот на фудбалерот Павло Форналс во Бетис бил договорен, но на крајот се случил неочекуван пресврт.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Причина за пропадниот трансфер верувале или не бил – расипан компјутер. Сите страни се договориле, Ла Лига одобрила, а на крајот Форналас останал во Вест Хем.
„Се случи компјутерски инцидент, а ние направивме се што можеме да направиме. Бетис ги испорача документите на време. Изгледа дека во Вест Хем имале проблеми со својот систем. Не беше тоа само случај со нашиот, туку и со други клубови“, изјави извршниот директор на Бетис.