Дома Фудбал Најскапиот играч на Реал не одигра ниту минута во Ел Класико

Најскапиот играч на Реал не одигра ниту минута во Ел Класико

Еден Азар е најскапо засилување во историјата на Реал Мадрид, откако „кралевите“ во 2019 година за него платија 115 милиони евра.

Белгиецот пристигна како еден од најдобрите фудбалери во Европа и требаше да биде големо засилување, но испадна најголемо промашување.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Поради честите повреди и неподготвеноста, тој за речиси четири години одигра само 73 натпревари за Реал, а неговата статистика е особено поразителна кога се во прашање натпреварите со Барселона.

Синоќа се одржа десеттото Ел Класико откако Азар стана играч на Реал, а на него по десетти пат не одигра ниту минута.

Од 10-те Ел Класика, шест од нив ги гледал од клупата за резервни играчи, додека четири пати не бил ниту на клупата поради повреда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од Ливерпул се премислија за Киеза

Ливерпул ја промени својата позиција во врска со иднината на напаѓачот Федерико Киеза во к…