Дома Топ вести Најголемиот хрватски талент се сели во Тотенхем

Најголемиот хрватски талент се сели во Тотенхем

Европските гиганти водат битка за потписот на големиот талент на Хајдук, Лука Вушковиќ, кој веќе избрал каде ќе ја продолжи кариерата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Новинарот Фабрицио Романо објави дека 17-годишниот фудбалер е на чекор да потпише договор со Тотенхем и трансферот треба да биде комплетиран наредите денови.

Вушковиќ важи за голем талент и за него интерес покажуваа многу клубови, а во последно време се поврзуваше со трасфер во Манчестер Сити и ПСЖ.

Меѓутоа, Тотенхем успеа да ја победи конкуренцијата, а и самиот Вушковиќ, кој игра како дефанзивец верува дека тоа е вистински проект за негов понатамошен развој.

Тотенхем за потписот на големиот талент ќе плати 10 милиони евра плус серија на бонуси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…