Европските гиганти се воодушевени од настапите на младата ѕвезда на Шалке, Асан Оедраого.
Станува збор за 17-годишен играч за врска кој оваа сезона е стандарден во Шалке и со своите настапи го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тој е младински репрезентативец на Германија и важи за еден од најголемите таленти во Европа.
Реал Мадрид, Милан, Ливерпул покажуваат интерес, но најконкретен е Баерн Минхен, кој веќе постигнал комплетен договор со агентот на фудбалерот.
Оедраго ќе пристигне во Минхен по завршувањето на сезоната, а Баерн ќе ја плати откупната клаузула од 11 милиони евра.