Долго време се пишуваше за штрајкот на работниците на ФИАТ поради трансферот на Роналдо.
Компанијата ФИАТ како ќе финасира дел од платата на Кристиано Роналдо во Јувентус, а поради тоа најавен беше и штрајк на вработените, но на крајот тој се покажа како неуспешен.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Имено, работнциите наводно биле револтирани поради тоа што фирмата долги години не ни помислила да им ги покачи платите, а сега „фрла“ милиони за само еден играч.
Од ФИАТ излегоа и со официјално соопштение.
„Стануваше збор за процент од 0.3 отсто од вработените. Поради тоа јасно е дека ова е само идеја на одредени поединци на кои важен им е само личниот интерес. Мило ни е што поголемиот дел од работниците не искажаа поддршка во нивниот личен проблем“, се наведува во соопштението од ФИАТ.
Да потсетиме, Роналдо во Јувентус ќе добива плата од 30 милиони евра по сезона, со што како што споменавме дел од сумата ќе ја плаќа ФИАТ.