Дома Македонски спорт Мак фудбал НАЈАВА: Италија – Македонија: анализа и очекувања, проблемите на Италија се нашата шанса

НАЈАВА: Италија – Македонија: анализа и очекувања, проблемите на Италија се нашата шанса

По освоените 4 бодови во мечевите со Израел и Албанија, Македонија гостува во Торино, кај Италија во натпреварот од 9-то претпоследно коло во квалификациите за пласман на Светското Првенство во Русија. Се знае кој е фаворит на овој меч, но Италија се соочува со огромни проблеми со повредени фудбалери, а македонските репрезентативци играат во врвна форма во своите екипи, што гарантира интересен дуел во Торино.

Македонија има квалитетен тим како никогаш досега
Македонија има квалитетни фудбалери како никогаш досега, генерацијата која го направи историскиот успех со младата селекција на Македонија која играше на Европското Првенство во Полска е сега во сениорскиот тим. Кога на тие млади херои ќе се додадат искусните Пандев, Несторовски, Алиоски, Трајковски, Ристовски и уште неколкумина јасно е дека мораме да очекуваме многу поголеми резултати од овие досегашните. Освен тоа сите репрезентативци играат одлично во своите клубови, а дел од нив се и носители на играта во своите екипи, постигнуваат голови и играат во победнички екипи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите од домашниот шампионат конечно имаат силни натпревари ( пред се фудбалерите на Вардар кои ќе играат во групната фаза на Лигата на Европа ). Игор Ангеловски мора да го искористи тоа, а дека е на добар пат за такво нешто дојде потврда од предходните два меча на македонската репрезентација против Израел и Албанија. На селекторот му останува да ги намести коцките кои се во негова полза, бидејќи веќе ќе нема алиби за неуспех. Искрено, квалификациите за нашата селекција се одамна завршени, но тоа не значи дека не треба да се очекуваат добри резултати од Македонија бидејќи во моментов важен е ранкингот.

Преостанатата анализа прочитајте ја на kladenje.mk

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Бразил на Копа Америка без три големи ѕвезди

Селекторот на Бразил, Доривал Жуниор го објави списокот за Копа Америка, иако до почетокот…