Дома Фудбал Италија Натпревари од Серија А ќе се играат во Кина?

Натпревари од Серија А ќе се играат во Кина?

Претставници од Серија А започнаа преговори со фудбалската Федерација на Кина за играње на натпревари од италијанското првенство во азиската држава.

Планот е двете држави да се договорат за секој викенд по еден натпревар од Серија А да биде одигран во Кина и тоа во наредните три години, притоа да се договорот пријателски натпревари помеѓу двете репрезентации.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Италијанската фудбалска федерација ќе предложи договор со кој ќе ги натера кинеските компании да инвестираат во Серија А. Исто така Италија ќе овозможи тренинзи и друго фудбалско искуство за развивање на кинескиот фудбал“, стои во соопштението.

За да се оствари овој план треба двете страни да добијат дозвола од ФИФА, која пак жестоко се противи за играње на натпревари од национални првенства во други држави.

Поради тоа овој план е тешко остварлив, а многу поверојатно е натпреварите од италијанскиот Суперкуп да се играат во Кина, што беше случај и во минатото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Наполи остана без важен играч до крајот на сезоната.

Наполи може да остане без главен играч до крајот на сезоната. Повредата на Давид Нерес се …