Дома Фудбал Морничави сцени во Милано: Лофтус-Чик надвор од теренот осум недели поради скршена вилица (Видео)

Морничави сцени во Милано: Лофтус-Чик надвор од теренот осум недели поради скршена вилица (Видео)

Фудбалерот на Милан Рубен Лофтус-Чик ќе отсутствува од теренот осум недели поради скршена вилица, објави денес италијанскиот клуб.

Англискиот играч за врска на натпреварот против Парма го заработи скршенот на алвеоларниот продолжеток на вилицата, а Милан извести дека операцијата за „репозиција и стабилизација на скршеницата” што беше извршена на него денес беше „целосно успешна”.

Лофтус-Чик оваа сезона има одиграно вкупно 27 натпревари и постигнато три гола за Милан.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Грип го мачи Волтемаде, Жегрова пред прв старт во Серија А

Јувентус гостува кај Фиорентина со неизвесност околу настапот на Ник Волтемаде. Неговото о…