Фудбалерот кој Реал го плати минатото лето и го остави на позајмица во Фламенго, оваа недела за прв пат ќе се запознае со својот нов клуб.
На три дена пред натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Барселона, најголемото дерби во светот, младиот 17 годишен напаѓач, Винисиус Јуниор од Бразил допатува во престолнината на Шпанија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сегашниот договор помеѓу Реал Мадрид и младиот Винисиус е таков што овој фудбалер ќе остане во неговиот клуб до 2019 година, а од летото 2019 година ќе го облече дресот на „кралевите“.
Неговиот агент откри дека Барселона понудила повеќе, но изборот на неговиот клиент бил Реал Мадрид.
„Барселона понуди повеќе од Реал и тој би заработувал повеќе. Но се договори со Реал бидејќи повеќе му се допадна нивниот проект. Некои мислат дека го избрал Мадрид поради пари, но тоа не е вистина. Винисиус беше сконцентриран на спортскиот аспект, а Реал во таа позиција беше подобар, Варан, Рамос, Касемири, Асенсио, Марсело, сите тие се фудбалери кои стигнаа пред да наполнат 22 години“, изјави Федерико Пена, агентот на фудбалерот.