Дома Фудбал Италија Наполи натпреварите од ЛШ ќе ги игра на стадионот во Бари!?

Наполи натпреварите од ЛШ ќе ги игра на стадионот во Бари!?

Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис потврди дека од УЕФА ќе побара дозвола натпреварите од Лигата на шампиони да ги игра на стадионот „Свети Никола“ во Бари.

Наполи се најде во проблеми околу стадионот бидејќи градските власти тврдат дека има неисплатени долгови од страна на клубот за закуп.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меѓутоа, претседателот Де Лаурентис најде начин како да го реши прашањето каде ќе се играат мечевите од ЛШ. Тој истакна дека Наполи може за тие три натпревари да се „пресели“ на стадионот „Свети Никола“ во Бари.

„Ова е ноќна мора и тоа не става во незгодна ситуација. Стадионите мораат да исполнуваат одредени услови. Ќе изградам свој стадион, доста ми е веќе од контроверзи. Ќе ми требаат неколку години за тоа, но кога ќе имате свој стадион, тогаш никој не може да ви каже ништо“, изјави Де Лаурентис.

„Ќе ја прашам УЕФА да ми дозволи натпреварите од ЛШ да се играат во Бари. Јас сум спремен од свој џеб да платам превоз за навивачите кои ќе трева од Неапол да одат да ги гледаат натпреварите“, потврди претседателот на Наполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дерби на денот: Германски тест за арапските милиони

Денес во фокусот ќе биде вториот полуфинален дуел од Лигата на шампиони помеѓу Борусија До…