Два спектакуалрни натпревари во четвртфиналето од Лигата на шампиони, но без победник во Мадрид и Лондон.
Реал Мадрид и Манчестер Сити одграат спектакуларен меч на „Сантиаго Бернабеу“ со шест гола, многу пресврти и со конечен резултат 3:3.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Гостите го замолкнаа „Сантиаго Бернабеу“ уште во третата минута кога Бернардо Силва од слободен удар го донесе Сити во водство.
Меѓутоа, Реал за само две минути, во 11-та и 13-та постигна два гола преку Камавинга и Родриго за целосен пресврт.
Во второто полувреме Сити доаѓа до пресврт со два фантастични гола од далечина на Фоуден и Гвардиол. Реал не се предаде и со голот на Валверде израмни на 3:3, па патникот во финалето ќе се решава на „Етихад“.
Во Лондон Арсенал и Баерн Минхен одиграа без победник 2:2.Арсенал одлично го започна мечот и поведе уште на стартот со голот на Сака, но потоа следуваа два гола на Баерн.
Најпрво Гнабри израмни на 1:1, а Хари Кејн беше прецизен од белата точка за целосен пресврт. Во вториот дел Тросард погоди за конечни 2:2.