Дома Фудбал Италија „Модриќ и на 39 години би правел разлика во Јувентус“

„Модриќ и на 39 години би правел разлика во Јувентус“

Договорот на Лука Модриќ истекува на крајот од сезоната Реал на крајот од сезоната. Минатата година капитенот на хрватската репрезентација меѓу другите имаше богати понуди од саудиски клубови, но потпиша нов едногодишен договор и остана во мадридскиот клуб.

Тренерот Карло Анчелоти не го гледаше како првотимец во актуелната сезона, поради што се пишуваше и за незадоволство кај Хрватот.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Модриќ собра 39 настап во кои постигна, два гола и подели шест асистенции. Иако новинарот на Марка, Хозе Феликс Дијаз неодамна тврдеше дека Модриќ е поблиску до останување во Реал отколку да замине, се споменуваат бројни дестинации каде би можел да ја продолжи кариерата. Саудиските клубови, МЛС или враќање во Динамо се само некои од опциите, а легендарниот хрватски напаѓач Ален Бокшиќ го советуваше Јувентус да го доведе.

Италијанскиот тренер Џовани Галеоне (83) очигледно се согласува со идејата на Бокшиќ. Во интервју за „Газета дело Спорт“, тој изјави дека и на 38 или 39 години Модриќ ќе прави разлика во Јувентус. Инаку, од 1970-тите до 2007 година, Галеоне раководеше со голем број италијански клубови како Удинезе, Пескара и Наполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Влаховиќ ќе „слета“ во Англија и ќе се бори за титула во Премиер лигата

Како што пренесуваат англиските медиуми, во јануари повторно ќе бидат почнати преговори од…