Дома Фудбал Англија Мурињо на конференцијата во осум наутро: Играме лошо поради многу причини…

Мурињо на конференцијата во осум наутро: Играме лошо поради многу причини…

mourinho

Без поздрав за добро утро менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо се појави на конференцијата за медиумите која вчера ја закажа за денес во осум часот (вообичаено е пет часа подоцна).

Како и што навикнавме во последно време, следуваше циркус, а новинарите очекувано останаа без одговори на некои прашања или пак добија кратко објаснување.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Зошто Јунајтед има има толку проблеми? – гласеше прашањето.

Жозе: Има многу причини…

Можете ли да ни ги кажете ти причини?

Жозе: Не!

Сепак, Мурињо потоа призна дека моменталните резултати се неприфатливи за клубот.

„Да, го признавам тоа. Сепак, ако ги погледнете табелите ширум Европа во септември и октомври, тие не се показател на она што ќе се случи на крајот од сезоната. Можеме да бидеме подобри и мораме да ги надополниме изгубените бодови. Навистина, не победуваме на домашен терен, но имаме само еден пораз – само еден на домашен терен. Не победивме на последните три натпревари, имаме три нерешени средби, тоа не е пораз, но не е среќата таа која ги носи победите. Мораме да се обидеме да победиме на овој натпревар во сабота“, изјави Мурињо.

Манчестер Јунајтед утре го игра својот натпревар против Њукасл.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…