Португалецот Жозе Мурињо се огласи после натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Барселона во Лигата на шампионите.
Неговиот довчерашен клуб претрпе пораз од 1:0 во првиот натпревар од четвртфиналето во најелитното европско натпреварување, но на „Олд Трафорд“ веруваат дека во реваншот можат да направат чудо и да се пласираат во следната фаза.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
После овој натпревар се огласи Мурињо кој клупата на Манчестер Јунајтед ја напушти во декември.
На натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Барселона имаше и една ситуација кога Крис Смолинг после еден дуел го раскрвари лицето на првата ѕвезда на Барселона, Лионел Меси.
Дел од фудбалскиот свет сметаше Смолинг имал намера да го повреди Меси, но Жозе Мурињо не е еден од нив. Португалецот смета дека едноставно дефанзивецот на Манчестер Јунајтед имал долги раце и тоа е се.
„Ситуацијата помеѓу Меси и Смолинг е нормална и се случува на секој натпревар. Тој е само висок фудбалер со долги раце и тоа е се. Сигурен сум дека од негова страна немаше никакви намери да го повреди Меси“, изјави Мурињо.
После натпреварот за овој дуел со Меси зборуваше и самиот Смолинг.
„Навистина воопшто немав намера да го повредам. Ние играме агресивно во секој натпревар, така беше и во овој, но тие не се навикнати“, гласеше изјавата на дефанзивецот после натпреварот.