Еден од приоритетите на Жозе Мурињо е продолжување на соработката со Хуан Мата.
Шпанецот кој со Португалецот се соработуваше и во Челзи и сега во Јунајтед, сака пред се повеќе минути во тимот од Манчестер, пред да стави потпис на новиот договор – во моментов по просек игра околу 60 минути по натпревар.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Играчот за врска на шпанската репрезентација дојде во Јунајтед од Челзи во јануари 2014. година за вкупна сума од 45 милиони евра. Интересно е тоа што Мурињо тогаш го водеше Челзи и може да се каже дека не имаше најдобар однос со својот играч.
Ситуацијата околу продолжување на договорот ја следат Арсенал и Валенсија, поранешниот клуб на Мата кој се надева дека во јануари ќе може да започне преговори со Шпанецот, бидејќи тој тогаш ќе биде слободен да договори соработка со било кој клуб, бидејќи договорот му истекува следното лето.