Дома Трансфер зона „Мундо Депортиво“ открива детали од состанокот на Валверде и управата на Барселона

„Мундо Депортиво“ открива детали од состанокот на Валверде и управата на Барселона

Веќе некое време во медиумите се пишува за иднината на Иван Ракитиќ.

Сега „Мундо Депортиво“ открива детали од состанокот кој бил клучен за иднината на Ракитиќ во Барселона.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот Ернесто Валверде се сретнал со претседателот на управата на Барселона и тој состанок траел околу три часа. Валверде на тој состанок специјално не побарал некое засилување, а не ни ставил вето на некој играч да не може да замине.

Една од главните карактеристики на Валверде е што секогаш е спремен да работи со она што го има без преголеми барања од управата. Така се изјасни дека е спремен да работи со Гризман ако дојде, но и да продолжи со обидите да го вклопи Кутињо кој никако не успева да ја пронајде формата во Барселона иако помина подолго време од кога дојде од Ливерпул.

Освен заминувањето на Кутињо Валверде не би имал проблем и со заминувањето на Иван Ракитиќ ако управата размисли за можноста да се доведе Дани Парехо од Валенсија.

Прашање е како на тоа ќе реагира Ракитиќ кој има важечки договор со Барселона до 2021 година, а радиото „Кадена Сер“ пишува дека Валверде практично го ставил Ракитиќ на трансфер листа.

Во клубот се убедени дека најдобри понуди за Ракитиќ ќе добијат од Италија и Англија. Засега само се шпекулира, најмногу се споменуваат Манчестер Јунајтед и Интер.

Математиката е јасна ако Барселона сака да потроши 200 милиони евра на засилувања тогаш мора од продажби да заработи 100 милиони евра за да останат во границите од финансискиот фер-плеј.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Шок во Атлетик Билбао: Легендата заминува по две децении!

Икер Муниаин донел одлука да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната. Леген…