Дома Македонски спорт Мојсоски: Во случајот на Георгиевски мислам дека станува збор за грешка

Мојсоски: Во случајот на Георгиевски мислам дека станува збор за грешка

Големи реакции во јавноста предизвика ситуацијата во која Дејан Георгиевски кој беше прогласен за спортист на годината и освои сребро за Македонија на Олимписките игри е рангиран како третопласиран во ваучерскиот систем.

Георгиевски доби 350.000 денари државна помош преку вауческиот систем. Најголем ваучер доби каратистот Емил Павлов, кој освои сребро на ланското Светско првенство во карате и тоа од 500.000 денари, додека втор најголем ваучер за оваа година има параолимпијката во стрелаштво Оливера Накова-Бикова од 400.000 денари.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Во изјава „Фокус“ Мојсоски призна дека можеби е направена грешка.

„„За тој случај мислам дека станува збор за грешка. Во понеделник ќе има владина комисија и ќе бидат разјаснети сите недоразбирања. Такво нешто се случи и минатата година и верувам дека се ќе биде во ред“, изјави Мојсоски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Симеоне викендов испишува историја: Ова не му успеало на никој друг!

Аргентинскиот стратег, Диего Симеоне даде многу на Атлетико, а викендов ќе влезе во истори…