Во завршницата од сезоната во втората лига бурен период го зафати Тетекс.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тетекс кој се натпреварува во втората лига на Западот остана без претседателот на управниот одбор Војо Тофиловски, а потоа и Славчо Георгиевски и Дејан Цветковски од стручниот штаб. Сепак клубот на вонредниот состанок одлучи да не ја прифати оставката на Георгиевски и тој ќе остане прв тренер, како и на неговиот помошник.




„На вонредниот состанок на Управниот Одбор на ФК Тетекс беше разгледена понудената оставка од страна на претседателот Војо Тофиловски и Стручниот штаб Славчо Георгиевски и Дејан Цветковски. Сакаме да ја информираме јавноста дека понудената оставка на претседателот Војо Тофиловски е прифатена, а од друга страна НЕ за тренерскиот тим. Управниот Одбор, како и сите кои на било каков начин се поврзани со клубот целосно ја даваат поддршката на тренерот Славчо Георгиевски и неговиот помошник Дејан Цветковски, а убедени сме дека резултатската мини криза ќе се надмине веќе во останатите натпревари од првенството. Решението за назначување на овој тренерски тандем не е случајно и го сметаме за најважна алка во градењето на тимот сезонава“, соопштија од Тетекс.