Maкедонската ракометна репрезентација денес за противници во баражот за СП ги доби Романија и Чешка.
Еден од нашите најискусни репрезентативци, Гоце Георгиевски верува дека Македонија може до пласман на Мундијалот кој се игра во Полска и Шведска.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Верувам дека можеме да се пласираме на Светското првенство. Романија и Чешка се репрезентации што можеме да ги победиме ако одиграме на нашето највисоко ниво. Сепак, сега не треба да размислуваме на Чешка, во мислите треба да ни биде само Романија затоа што тие ни се прва пречка“.
„Станува збор за селекција со квалитетни ракометари, го врати Чави Пасквал за тренер и сигурно нема да ни биде така лесно. Не смееме да ги потцениме Романците, мораме со максимална ангажираност да влеземе во натпреварот. Потоа ќе мислиме на Чешка“, изјави Георгиевски.