Шпанскиот напаѓач Алваро Мората летово со Шпанија го освои Европското првенство по што одлучи да си замине од Атлетико Мадрид и се врати во Италија.
Во минатото во Италија, Мората го носеше дресот на Јувентус, додека сега настапува за Милан.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Мората во текот на летото беше критикуван од шпанската јавност, а сега во интервју „Херера ен Копе“ првпат зборуваше за проблемите кои ги имал надвор од теренот.
Шпанецот во краткиот исечок зборува дека депресијата била една од главните причини што тој си заминал од Мадрид.
„Кога ќе дојдат тешки моменти како депресија или напад на паника воопшто не е ваѓно кој си и колку пари имаш, со што се занимаваш…Тоа е една борба со друга личност во самиот себе, борба која ја водиш ден и ноќ…Најдобро беше за мене да заминам од Шпанија затоа што стигнав до точка кога не можев да поднесам“, признава Мората.
Исто така Шпанецот во текот на летото се раздели и со својата сопруга, па веројатно и тоа имало одредено влијанеи.