Дома Македонски спорт Мак фудбал Може ли Вардар до декември да оди под стечај?!

Може ли Вардар до декември да оди под стечај?!

Една од најпознатите подгрупи на „Комити“ „ЕКИПА ПИВО – ФКВ“ денес излезе со соопштение во кое бараат одговори и најавуваат црно сценарио за Вардар.

Тие во соопштението тврдат дека иднината на Вардар дефинитивно не е светла и дека клубот многу брзо може да заврши во стечај. Според нив најдоброто решение е рестарт на клубот.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Ситуацијата во ФК Вардар е статус кво веќе две години, ако не и повеќе. Муабетите „Си одам – не си одам“, „Ќе биде подобро“, „Ќе најдеме решение“ итн. се веќе излитени.

Добиваме многу лоши информации околу Вардар. Нашите извори велат дека, доколку не се најде решение за клубот до декември, клубот ќе оди под стечај, а во изминатиов период имало и незадоволство кое било изразено со штрајк од страна на дел од тренерите од младинската школа, на кој требале да се придружат и од првиот тим, заедно со стручниот штаб.

Ги охрабруваме стручниот штаб и играчите на првиот тим, како и сите тренери од младинската школа, односно од Академијата да излезат на прес, да ги кажат и посочат јавно проблемите во клубот, со цел да се најде решение што поскоро. Иднината на клубот е неизвесна и одговорност за оваа ситуација во која се најде и наоѓа клубот моментално мора некој да сноси.

Доколку не може да се најде долгорочно решение за Вардар, тогаш најдобра опција ќе биде да се направи рестарт на клубот, со цел да се изгубат од клубот сите пијавици кои го цицаат сите овие години. Чиста сметка – долга љубов“, стои во нивната објава.

Ние се надеваме дека грешат или ако информациите им се точни дека работите ќе се променат. Како и да е очигледно е дека во Вардар работите не се како што треба веќе подолго време.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

МЗТ: Не сме маалски клуб, нема да дозволиме да се шират лаги и невистини!

Екипата на МЗТ Скопје поминува низ еден тежок период, а клубот сега се огласи со соопштени…